vesti24.mk
ЦРНА ХРОНИКА

Струмичани пешачејќи паднале во провалија, едниот тешко повреден

ECA

Околу 17 часот вчера воп полициската станица во Струмица било пријавено дека две лица се повредени отокако паднале во провалија.

„На рекреативната патека кон црквата „Свети Илија“, лицата Б.К.(57) и М.С.(63), двајцата од Струмица по минувањето на мостот кај место викано „Црвен Дол“, во еден момент се лизнале и паднале во провалијата под мостот“, соопшти полицијата.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица лицата биле извлечени од провалијата и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Б.К. поради сериозноста на повредите потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.

Loading...

Related posts