vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

ECA

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион, најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово каде висината на снежната покривка достигнува 25 сантиметри, јавува агенцијата „Танјуг“.

Оттаму се додава дека врнежи од снег се регистрирани и во Хрватска, а во Босна и Херцеговина е објавен црвен аларм поради најавените врнежи.

Во Македонија, обилни врнежи од дожд се регистрирани во Битола, каде наврнале 41 литар на метар квадратен.

Во Федерацијата БиХ е издадено црвено предупредување поради поројни дождови за подрачјето на Херцеговина и југозападна Босна. Врнежите се очекуваат од вечерните часови, односно во ноќта од понеделник кон вторник. Снег или мешавина од снег и дожд се очекуваат во Краина и во западна Босна и на планините во централните региони на Босна.

Снег и натаму паѓа во повеќето делови на централна Хрватска, а и во Горски Котар. Снег во делови од Хрватска се најавува и за утре, а од среда натаму се прогнозираат врнежи од дожд.

Покрај врнежите, дува непријатен ветар од северен правец кој е изразен на јадранскиот брег, а особено и под Велебит, каде што го отежнува сообраќајот.

Loading...

Related posts