ЖИВОТ

(ВИДЕО) Студентка од Универзитетот Корнел се соблекла и само во долна облека ја презентирала својата презентација

ECA

Студентка од Универзитетот Корнел се соблекла и само во долна облека ја презентирала својата презентација. На тој начин се обидела да се бори против “ограничените размислувања” откако професорката го доведе прашањето за должината на нејзините шорцеви.

Летиша Чај во сабота ја презентирала својата теза пред професори и ученици и во еден момент ја соблекла својата облека и останала само во долна облека.

На тој начин изразила протест против својата професорка која ја искритикувала за кратките панталони кои ги носела и на претходните презентации.

Летиша објавила фотографија на Фејсбук велејќи дека се соблекла откако професорката ја искоментирала нејзината облека.

После инцидентот професорката ѝ пришла и ја запрашала што мисли нејзината мајка за таквото облекување.

“Мојата мајка е феминистка и верува во родова еднаквост. Моите шорцеви неа ѝ се сосема во ред”, вели Летиша.

Професорката истакнала дека таа не им кажува на децата што да носат, но дека сака да им даде до знаење дека таквата облека влијае врз нивните постапки и одлуки.

https://youtu.be/32BcNwZNKm8

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts