vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Судења за „Трезор“ и „Титаник 3“

ECA

Во кривичниот суд во Скопје за претпладнво се закажани 2 судења на специјалното јавно обвинителство. За случајот „Трезор“, судењето не може да почне 4 месеца, бидејќи судијката Џенета Бектовиќ ја чекаше одлуката на Врховниот суд во Грција за екстрадицијата на обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР, Горан Груејвски.

Првообвинет е Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет. На сите досегашни рочишта се повторуваа исти записници. Судијката Бектовиќ не дозволуваше камерите да го снимаат Мијалков во судницата на обвинителна клупа.

Во случајот „Титаник 3“ денеска треба да почне изведувањето материјални докази. Претходно дојде до промени во судискиот совет. Судијката Гордана Спировска, поради здравствени проблеми на сопругот го напушти судењето, а на нејзино место е поставена судијката Љубинка Башевска како член на советот.

Функционерите на ДУИ, Исмет Гури и Ејуп Алими се изјаснија дека не се виновни. Тие се обвинети за уништување изборен материјал како членови на општинска изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година со што влијаеле врз изборниот резултат.

Loading...

Related posts