vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Судијата го одби Груевски – не му го одложи затворот

ECA

„Макфакс“ дознава дека судијата за извршување санкции, Пајазит Пајазити, не му го прифати барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна.

Откако одлуката ќе му биде доставена, Груевски има 3 дена рок да поднесе жалба до совет од тројца судии. Кривичниот совет, пак, треба да донесе одлука исто така во рок од 3 дена. Ако кривичниот совет ја потврди претходната одлука, одлуката станува извршна.

Груевски минатата недела доби упатен акт од кривичниот суд да се јави во затворот во Шуто Оризари најдоцна до 8 ноември.

Тој е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“. За истиот случај на специјалното јавно обвинителство има неправосилна пресуда и за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа е осудена на 6 години затворска казна.

Loading...

Related posts