БАЛКАН

Судот во Косово го осуди наркобосот Кељменди на шест години затвор

ECA

Балканскиот наркобос Насер Кељменди од Косово денеска е осуден на шест годишен затвор поради трговија со дрога, но е ослободен по обвинението за убиство, организиран криминал и други кривични дела.

Американските власти го ставија на „црна листа“ Кељменди во 2012 година, обвинувајќи го дека ја предводел семејната мрежа за дистрибуција на хероин и други дроги од Авганистан, преку Турција во Европа.

Кељменди, кој е роден на Косово со босанско-херцеговско државјанство, беше уапсен во 2013 година на Косово по потерница издадена во Сараево, во која го обвинуваат за низа злосторства на територијата на нивната држава.

Но, тој остана на Косово, бидејќи двете држави немаат спогодба за екстрадиција. Неговиот случај го преземаа судии од мисијата на Европската унија, која ги презеде процесите кои се пречувствителни за локалното судство.

Кељменди е осуден за трговија со дрога, но ослободен по осум други прашања, вклучувајќи ги организиран криминал и убиство.

Loading...

Related posts