vesti24.mk
КУЈНА

Супер брзи и вкусни закуски

ECA
Штотуку ви се најавија пријателите дека ќе поминат на мезе, а вас веќе ве фати паника? Ние имаме неколку одлични решенија за вашата трпеза да изгледа богато, а притоа нема да ве чинат многу и да ви одземат многу време за да ги приготвите.

Брокулa и краставица

На тивок оган, на тава со малку путер обарете одредена количина на брокула. Потоа, добро оладената брокула ситно исецкајте ја, ставете ја во поголем сад во кој ќе ги додадете и исецканата краставица. Додадете сол, црн бибер, оригано и малку кајмак. За егозтичен вкус може да додадете и авокадо.

Тиквички и сирење

Со ноже за лупење на компири, исечкајте ги тиквичките на ленти. На лентите ставете изрендано сирење (по желба можете во ролничките да ставите и сувомеснати производи). Завитканите ролнички ставете ги во рерна и печете дваесетина минути на средна температура.

Пченка и павлака

Веројатно побрза салата од оваа нема. Во длабок сад ставете една конзерва пченка, едно пакување павлака, сол, копар и малку сенф.

Компир и кашкавал

Сварете ги компирите и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во тава и врз нив ставете по едно тенко парче кашкавал. Зачинете со млад кромид, мешан зачин и црвен бибер.

Во секоја закуска може да додадете зачини или намирници по ваш вкус…

hybread

Loading...

Related posts