Светски аларм, апокалипса која му се заканува на целиот свет: Остануваме без вода за пиење…

Јужноафрикански Кејптаун е првата метропола во која што чешмите целосно ќе пресушат во април оваа година, а во голема опасност се и други повеќемилионски градови.

Кејптаун деновиве има многу среќа – конечно падна долгоочекуваниот дожд, па локалните жители тоа го прославија со улични танцувања. Сепак, овој дожд не е доволен за да го спаси градот со четири милиони жители од најавената апокалипса – се проценува дека Кејптаун во април целосно ќе остане без вода за пиење.

Ситуацијата во овој град во Јужна Африка е лоша веќе три години, колку што и трае сушниот период. Сепак, состојбата во Кејптаун е само еден од екстремните примери на недостаток на вода кој што ѝ се заканува на целата планета. Поради тоа, не е исклучена можноста во иднина да избијат дури и војни за вода за пиење.

„Пресметките за војна ќе се случат на местата каде што ситуацијата е веќе напната“, предупреди за „Спутник“, Упману Лал, колумбиски експерт за управување со води.

И покрај тоа што водата покрива 70% од површината на планетата Земја, сепак, вода за пиење нема толку колку што може да се замиси, односно питка вода има само три проценти. Според проценките на Обединетите нации, глобалната побарувачка за свежа вода до 2030-та година ќе ги надмине залихите за 40%.

Научниците тврдат дека Кејптаун е само врвот на сантата мраз, па со слична ситуација набрзо ќе се соочат и други градови како што се Пекинг, Сао Пауло, Бангалор, Каиро, Џакарта, Москва, Истанбул, Лондон…

Топ 10 најзагрозени градови:

10. Сао Пауло, Бразил – 21,7 милиони жители

9. Бангалор, Индија – 12,3 милиони жители

8. Пекинг, Кина – 21,5 милиони жители

7. Каиро, Египет – 9,5 милиони жители

6. Москва, Русија – 11,9 милиони жители

5. Истанбул, Турција – 15,3 милиони жители

4. Мексико Сити, Мексико – 21 милион жители

3. Лондон, Велика Британија – 8,8 милиони жители

2. Токио, Јапонија – 38 милиони жители

1. Мајами, САД – 5,5 милиони жители

извор:точка.ком.мк