vesti24.mk
СВЕТ

Драма во Украина: Полицијата го уапсила Сакашвили на кров, се заканувал дека ќе скокне (ВИДЕО)

ECA
Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, бил уапсен денес во Киев, на кровот на својот дом, од каде претходно се заканил дека ќе скокне.

Припадниците на украинската полиција го уапсиле поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, на кров на куќа во Киев.

На местото на настанот се наоѓале околу 30 приврзаници на Сакашвили и околу 100 полицајци.

Соборецот на Сакашвили, Давид Сакварелидзе, утрово изјавил дека непознати лица провалиле во станот на Сакашвили во Киев.

Агенцијата Tas s јавила дека Сакашвили уште не излегол од дома и дека неговите приврзаници ја блокирале улицата.

Тревога

Posted by Ivan Slobodianyk on Monday, 4 December 2017

Како што соопштила украинската полиција, претрес во домот на Сакашвили се врши поради сомнение дека протестните акции во кои учествува политичарот ги финансира окружувањето на поранешниот претседател, Виктор Јанукович.

Loading...

Related posts