vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Таткото на болното девојче Jана – задржан на турскиот аеродром

ECA

На пат кон болница во Tурција, таткото на малата Jана од Велес, Алаксандар Здравковски, доцна вечерва е задржан на турскиот аеродром. Властите во tурција по едночасовно држање на границата, го пропуштиле семјството да замине во Турција но Александар бил задржан. Оваа фотографија ја објави на својот фб профил, информирајќи дека се наоѓа во соба заедно со мигранти на турскиот аеродром. Тв 24 стапи во контакт со Алкесандар кој ја потврди автентичноста на настанот.

„Иако ги имаа сите потребни документи, по еден час држење, моето семејство беше пропуштено како приоритени патници, да заминат во болница во Турција, но мене ме задржаа и не знам дали повтроно ќе си го видам детето“ – ни изјави Александар. За немилиот настан веќе е контактирана нашата амбасада во Турција.

24вести.мк

Loading...

Related posts