Тенисерката Вилијамс открива интересни детали за приватниот живот во документарниот филм

Телевизиската мрежа HBO го објави трејлерот за претстојниот документарен филм за животот на легендарната тенисерка Серена Вилијамс. Документарецот под името “Being Serena” ќе открие интересни детали од приватниот живот на тениската икона.

“Being Serena” премиерно ќе биде прикажан на 2 мај на HBO. Тенисерката во филмот ќе зборува за својата долгогодишна кариера, бракот со Алексис Оханиан, ќерката Алексис Џуниор и за многубројните проблеми кои ги преживеала во првите неколку месеци од мајчинството.

Тенисерката имала многу тешко породување поради кое срцето на бебето успорувало. После породувањето, морала да направи операција поради белодробна емболија, цервикална ерозија и хематомот во стомакот. Меѓутоа и покрај сите овие проблеми, Серена не била спречена да се врати на местото каде секогаш припаѓала, тениското игралиште.

Серена повторно се натпреваруваше само пет месеци после породувањето, а на нејзиниот прв натпревар присуствуваше и малата Алексис. Според изјавата на тенисерката, не ѝ е потребна поголема мотивација од тоа ќерката да ја запамети како голем играч.

Loading...