vesti24.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Tesla е на работ пред пропаст

ECA

Американската компанија за електрични автомобили е на само неколку месеци од банкрот, тврди хеџфoнд менаџерот Џон Томпсон, директор на компанијата Vilas Capital Management.

Tesla од поодамна се мачи да оствари профит, иако автомобилите кои ги произведува се многу популарни, а цената на акциите до оваа година се зголемуваше од ден на ден.

„Освен ако Маск не извади некој ас од ракавот, Tesla ќе пропадне за отприлика четири месеци. Компаниите мораат кога-тогаш да остварат профит, а не гледам начин како тоа ќе се случи со Tesla“, рече Томпсон.

Минатиот април, акциите на Tesla достигнаа дотогаш рекордна вредност од 300 долари за акција и продолжија да растат до 389 долари за акција. Но, и покрај тоа, Томпсон веќе неколку години ги предупредува инвеститорите дека вредноста на акциите е лажна и дека има голема опасност дека Tesla ќе доживее колапс.

„Само како споредба, Tesla вреди двојно повеќе од Ford, ама Ford лани произведе 6 милиони автомобили и оствари профит од 7,6 милијарди долари, додека Tesla произведе само 100.000 автомобили и имаше загуба од 2 милијарди долари“, појасни Томпсон.

Тој додава дека нема видено нешто толку апсурдно во животот и дека Tesla би можела да банкротира во наредните 3-4 месеци.

Loading...

Related posts