БИЗНИС

Тие се Биткоин милионери: Вложиле малку пари, а денес живеат во невиден луксуз

ECA

Биткоин грозницата го тресе целиот свет. Иако многумина мислат дека криптовалутите се една голема измама, факт е дека некои поединци убаво се збогатиле на тој начин.

На пример, поранешниот градежник Даниел Колоси минатата година вложил 5.000 долари во криптовалути заедно со пријателите. За само неколку месеци заработил 200.000 долари, а се проценува дека таквиот начин на работење ќе го направи милионер во 2019. година.

Whether you think you can or you can’t, you’re right. . Over the last couple of weeks the universe has thrown about 10,000 hurdles at me. . It’s hard to stay positive all the time, especially when the universe tests you, but being able to step into the emotions that come with struggle and accepting it is hard, but I’ll keep moving forward one step at a time… that’s where greatness comes from. . You can’t change things that are out of your control, but you can control how you handle them. . Every challenge is making you wiser, stronger & more appreciative of everything you have and will have in the future. . Without failure and struggle you can’t develop the same level of appreciation, gratitude, fulfilment, compassion & humbleness as if it was all given to you on a silver platter. . Time to ride the roller coaster, re-access and move forward with smiles. . #Gratitude #Greatness #Appreciation #HardWork #Entrepreneurship #GratitudeForTheStuggles #Entrepreneurship #FailForward

A post shared by Digital Nomad | 🇦🇺🇮🇹 (@daniel_colosi) on

Очекувано, дел од парите кои ги заработил од криптовалутите ги потрошил на патувања низ светот, а планира да се пресели на Тајланд.

Ерик Финман во 2011. година инвестирал 1.000 долари кои ги добил од својата баба за 12. роденден. Според денешната вредност на криптовалутите, поседува околу 4 милиони.

Friend: Cash will always beat Crypto. Me:

A post shared by ERIK FINMAN (@erikfinman) on

Финман направил договор со родителите – ако биде милионер до 18 години, не мора да оди на факултет. Се збогатил толку брзо што родителите му дозволиле да го напушти училиштето многу порано, на 15 години.

Еди Зилан одлучил сета заштеда од 12.000 долари да ја вложи во криптовалути. Парите инаку ги заработил држејќи часови по тенис, а кога имал 18 години решил да ризикува. Три години подоцна, на сметка имал милион долари.

Потоа ја отворил компанијата “Cryptocurrency Financial”, специјализирана за советување за вложување во криптовалути. Самиот се нарекува “Волкот од крипто-светот”.

It was all once a dream.

A post shared by Eddy Zillan (@eddy_zillan) on

Можеби веќе ви се познати браќата Тајлер и Камерон Винклвос. Тие своевремено го тужеле Марк Цукерберг поради наводна кражба за идејата за Фејсбук. Бидејќи тој бизнис им пропаднал, биле меѓу првите вложувачи во криптовалутите. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците би можеле да бидат први биткоин милијардери на светот.

Инаку, тие го добиле спорот против Фејсбук и оштета од 65 милиони долари, а во март 2013. година вложиле околу 11 милиони долари во купување на околу еден процент од светските резерви на Биткоин, кога електронската валута вредела 120 долари. Точниот износ не е познат, но се верува дека станува збор за околу 100.000 биткоини, во вредност од повеќе од милијарда долари.

Рован Хил ја напуштил работата во рудник кога имал 26 години, откако ги земал парите кои ги заработил на Биткоини. Заработените пари ги троши на патувања.

#fedoralife 😂

A post shared by Rowan Hill (@rowan__hill) on

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts