vesti24.mk
СВЕТ

“Тоа е некој со кого има секс”: Трамп ја изневерува Меланија, во текот на кампањата спиел со дури 100 жени?

ECA

Мајкл Волф, автор на книгата “Fire and Fury” која зборува за Доналд Трамп, во текот на гостувањето во шоуто на Бил Маер имплицирал дека американскиот претседател во овој момент има љубовница.

Маер го прашал Волф дали постои нешто во книгата кој тој го напишал, а луѓето го пропуштиле. Иако отпрвин не сакал да открие што е тоа, тој набрзо се отворил.

“Постои нешто во книгата во кое што сум апсолутно сигурен, но едноставно немав конечни докази”, рекол Мајкл.

“Има ли врска со жените?”, прашал Маер.

“Немав син фустан”, одговорил Волф, алудирајќи на славниот син фустан кој бил доказ дека Бил Клинтон имал афера со Моника Левински.

“Значи, жена е”, одговорил Бил, на што Волф кратко возвратил: “Да”.

“Аха, значи некој со кого сега има секс”, кажал водителот, повеќе како изјава отколку како прашање.

“Да, само треба да читате помеѓу редови”, одговорил Волф.

“Какви редови, кажете нѝ ги редовите! Велите дека е во книгата”, возвратил водителот.

“На крајот од книгата е. Сега кога ви кажав, ќе знаете кога ќе дојдете до тој параграф”, одговорил Волф.

Овие обвиненија пристигнаа неколку дена откако беше објавено дека порно актерката Сторми Даниелс спиела со Трамп во 2006 година, кога му се родил синот Барон. И Трамп и Даниелс го демантираа тоа.

Стив Банон кон почетокот на месецот сугерирал дека адвокатите на Трамп договориле исплаќање на 100 жени кои спиеле со Трамп во текот на кампањата во 2016 година.

 

Loading...

Related posts