БАЛКАН

Тоа што се случи вчера, не смее да се повтори порача Могерини

ECA

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ порачала дека она се случило вчера во Косовска Митровица не смее да се повтори. Европската Унија очекува оддржување на мирот, низ мирен и воздржан пристап.

Ваквата изјава следи по случувањата во Косовска Митровица каде во акција на специјалната косовска полиција беше уапсен директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. Поради тензиите на Косово, Могерини допатува на итна средба со Вучиќ.

Двајцата се согласиле да пронајдат нови начини како би продолжиле со работата и решавањето на проблемите меѓу Белград и Приштина, по мирен пат. Претходно, портпаролката на Европската Комисија, Маја Кочијанчиќ кажа дека Могерини е во контакт со властите во Белград и Приштина.

Состојбата во северно Косово останува напната, но мирна. Во синоќешната акција на која беше приведен Ѓуриќ, повредени се 32 лица, од кои потешко се повредени пет лица меѓу кои е и косовскиот министер за земјоделство Ненад Рикало.

Loading...

Related posts