vesti24.mk
КУЈНА

Торта со јагоди и сирење

ECA
Најубавата торта со јагоди и сирење. Специфичен вкус за вистински гурмани. Уживајте во подготвувањето.

За кора:

  •  4 јајца
  •  125гр шеќер
  •  50гр брашно
  •  50гр нишесте

За фил:

  •  5дл млеко
  •  20гр желатин во прав
  •  3 жолчки
  •  5 лажици шеќер
  •  1 ванилин шеќер
  •  500 гр ситно сирење
  •  3дл слатка павлака
  •  500гр јагоди

За декорација:

  •  1 црвен прелив за колачи

Подготовка:

 

Кора:

1. Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег. Постепено додадете 50гр шеќер матејќи цело време.

2. Посебно изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер. Додадете го снегот од белки и промешајте.

3. На крај додадете го брашното и нишестето па измешајте.

4. Тркалезниот калап обложете го со хартија за печење и во него сипете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна на 200 степени.

Фил:

1. Желатинот прелијте го со 8 лажици вода и оставете го да набабри.

2. Млакото млеко измешајте го со жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го иситнетото сирење,желатинот ,шлагот од слатка павлака и измешајте.

3. Јагодите исечете ги на кругови и додадете ги во подготвениот фил.

Завршна постапка:

1. Печената кора вратете ја во калапот и врз неа исипете го филот.

2. Црвениот прелив за колачи подгответе го според упатството на кесичката и прелијте го врз филот.

извор: здравјеиживот

 

Loading...

Related posts