vesti24.mk
ЦРНА ХРОНИКА

Трагедија : Загина 19- годишно момче

ECA
Деветнаесет годишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци.
Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило Голф управувано од 19- годишниот Кристијан Р. и товарно возило „Мерцедес“ управувано од 58- годишниот Тодорче Ј.
Во незгодата на лице место починал возачот на голфот Кристијан додека неговата сопатничка 19- годишната Елена Г., исто така се здобила со повреди, со возило на итната медицинска помош пренесена е во Здравствениот дом Радовиш.
Полицијата направила увид. Утрово од 04 часот и 40 минути до 08 часот и 40 минути сообраќајот на магистралниот пат се пренасочуваше.
Loading...

Related posts