vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Трамп ја пронајде својата сродна душа

ECA

Тие се и политички аутсајдери, но американскиот претседател зборува за него со воодушевување.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Белата куќа го поздрави цврстиот став на италијанскиот популистички премиер Џузепе Конте за имиграциските прашања.

Трамп и Конте, кој беше назначен на позицијата минатиот месец да ја предводи коалиционата антиестаблишмент влада, ги истакнаа добрите односи меѓу двете земји, по низа прашања, претставувајќи се, како што наведува “Вашингтон пост”, како сродни души во своите намери да го разбуричкаат статус квото.

На заедничката прес-конференција, Трамп кажа дека „со Конте е поблиску поврзан” отколку со други пет лидери во групата Г7, покрај Франција, Германија и Обединетото Кралство.

Трамп и Конте прв пат се сретнаа на самитот на Г-7 во Канада минатиот месец, кога првиот човек на САД го пренасочи вниманието на економскиот дијалог ненадејно барајќи поддршка за заедничка изјава по конференцијата.

– Двајцата сме аутсајдери во политиката – дали може да верувате во тоа? – праша Трамп стоејќи до Конте во Белата куќа.

Трамп рече дека италијанскиот премиер направил “фантастична работа” во неговите напори за намалување на приливот на имигранти. Американскиот претседател изјави на конференцијата дека лесно ќе ја блокира владата ако Конгресот не ги поддржи мерките за контрола на границата со Мексико, вклучувајќи ја и предложената изградба на ѕидот.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts