vesti24.mk
ЦРНА ХРОНИКА

Три лица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

ECA
Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 11 часот и 40 минути се случи на патот Градско-Прилеп во близина на кафеаната „Ловец“.

Од полицијата информираат дека несреќшата се случила најверојатно поради неприлагодена брзина кон условите на патот, а во истата учествувале „Мерцедес Спринтер“ со скопски ознаки управуван од 52- годишниот Р.Т од Кавадарци и „Фиат добло“ управувано од 44- годишниот М.С од Македонски Брод.

Покрај двајцата возачи, во несреќата повреден е и сопатникот од Фиатот, 50 годишниот П.С. од Македонски Брод.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

извор: пресс24

Loading...

Related posts