vesti24.mk
СВЕТ

Трошел 7 милиони долари месечно: Биткоин-милијардерот се предозирал во соба

ECA

Семејството и пријателите се собрале во саботата на Флорида на погребот на милијардерот Метју Мелон.

Тој бил пронајден мртов на 16. април во хотелска соба во Мексико, истиот ден кога требало да се пријави на клиника за одвикнување. 54-годишниот милијардер, кој кариерата ја започнал во модната индустрија, поголем дел од својот живот се борел со зависноста од наркотици.

Отпатувал во Мексико за да започне со програмот за рехабилитација во клиниката “Clear Sky Recovery”.

“Требаше да се пријави во 9 наутро, но во тоа време забележавме дека веќе починал”, рекол Алберто Сола, директор на клиниката.

Според зборовите на семејниот портпарол, Мелон престанал да се дрогира пред три месеци, а во центарот за рехабилитација тргнал на контролен третман. Клиниката во која требало да продолжи со лечење е специјализирана за рехабилитација на зависници од Ибогаин, халуциногена супстанца која се користи во борбата против зависност, но е забранета во САД. Да оди на рехабилитација го убедила девојката Кик Кенеди, ќерка на Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Се збогатил од криптовалути

Мелон е роден во Њујорк во едно од најстарите банкарски семејства, основачи на банката Мелон и основачи на “Дрексел” универзитетот. Веќе на 21 година добил наследство од 25 милиони долари. Кога го завршил образованието, остварил завидна кариера во модната индустрија, телекомуникациите и финансиите. Одредено време минал како претседател на финансискиот одбор на Републиканската партија во Њујорк.

Своето богатство значително го зголемил со влегувањето во бизнисот со криптовалути, купување и продажба на Биткоини. Во јули 2015. година станал глобален амбасадор на “Ripple Labs” и инвестирал 2 милиони долари во криптовалутата “XRP”, а таа инвестиција прераснала во милијарда долари тешко богатство.

Богатството исчезнало

По неговата смрт, семејството се обидува да влезе во трага на неговото богатство, кое, се чини, исчезнало.

“Нешто чудно се случило со парите од криптовалутите, бидејќи неговото семејство не може да ги најде”, рекол еден семеен пријател.

Мелон наводно ги сокрил дигиталните клучеви за XPR под лажни имиња на различни тајни локации ширум САД.

Извори блиски до семејството велат дека Мелон наводно последните месеци од својот живот трошел по седум милиони долари месечно и дека својот банкар го замолил да ги намали трошоците на 2 милиони месечно.

Добар дел од богатството отишло на зависноста. Зависноста на Мелон од кокаинот прераснала во зависност од Оксиконтин. Во 2016. година земал 80 таблети дневно и на тоа трошел по 100.000 долари месечно. Мелон за своите проблеми со опијатите ги обвинувал докторите, велејќи дека му препишувале таблети како да се работи за бонбони. Извор близок до Мелон за медиуми рекол дека тој се вратил на дрогата пет дена пред да почине.

Мелон својата прва сопруга Тамара Мелон ја запознал на собир за лечење на наркомани во 1998. година. Парот се венчал во 2000. година, а во бракот ја добиле ќерката Араминта Мелон. Се развеле во 2005. година.

Својата втора сопруга, Никол Ханли, ја запознал во 2006. година, а се венчале две години подоцна. Во бракот добиле две деца. Заедно ја отвориле модната куќа Ханли-Мелон. Се разделиле во 2016. година, а Мелон последните месеци од животот се гледал со Кик Кенеди, ќерка на Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Loading...

Related posts