ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА УДРИ ВО СКОПЈЕ – ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМОТЕВИЦИ ВО МОМЕНТОВ

ECA

Во овие рани вечерни часови Скопскиот регион е на удар на ГЛОРИЈА каде има изразена нестабилна облачност проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од радарските центри преку кој ние следиме има и локална појава на град во околината на Скопје.

Нестабилноста се спушти од соседно Косово и понатаму се спушта јужно према северозападните и западните предели на државава но и натаму се следи ситуацијата дали ова невреме ќе остане исто или ќе ослабне понатаму.

ПО ВРНЕЖИТЕ ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО!

По врнежите и грмежите кој ќе ги има особено на југозападот и на западот до крајот на денов во текот на ноќта кон утрешниот петочен ден атмосферата ќе се стабилизира и врнежите ќе престануваат а исто така и облачноста ќе започне да се намалува. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

Поради ваквата ситуација ќе додјде до спуштање и продор на постудена воздушпна маса од север која до утрешното петочно утро температурите на воздухот ќе ги спушти на есенско ниво и истите ќе се спуштат во интервалот од 10 до 17 степени додека на високите планини ќе паднат и под 10 степени.

Во централните и во југоисточните предели ќе остане нешто потопло и таму температурите ќе паднат до околу 20 степени.

Потоа од утре (петок) повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts