vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Циклонот НЕВЕН напаѓа – Балканот ќе го затрупа снег, детали на Славчо Попоски

ECA

Како што веќе најавивме од вечерва па во текот на следните денови, односно за време на овој викенд територијата на балканот ќе го погоди снежен бран кој е во склоп нас циклонот НЕВЕН, најинтензивни снежни врнежи ќе има во Босна, Црна Гора како и во соседна Србија но и во делови од Хрватска.

Се очекува формирање на снежна покривкаод 10 до 40 сантиметри, локално и повеќе додека на планинските места дури и над 50, 60 сантиметри.

Во ваква ситуација на нашите граѓани ги советуваме доколку овој викенд патуваат кон овие држави ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесат зимска опрема но и да бидат крајно претпазливи додека возат.

Во Македонија локално слабо провејување на снег ќе има оваа ноќ но и утре (петок) особено наутро и претпладне  и потоа повторно во недела и вторник кога има услови за формирање на тенка снежна покривка и на некои од пониските места.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts