vesti24.mk
ТРАВЕЛ

ТУРИСТИТЕ РАЗОЧАРАНИ, НЕМА УЖИВАЊЕ ВО РАЈОТ: Се затвора плажата на Леонардо ди Каприо во Тајланд

ECA

Туристите повеќе нема да уживаат во еден од раевите на земјата од јуни.

Властите на Тајланд наредиле привремено затворање на плажата Маја беј, позната по филмот на Леонадро ди Каприо „Плажа“ , за да го запрат еколошкото загадување кое го предизвикува доаѓањеро на премногу туристи.

Маја беј на островот Phi Phi Leh на Андманското море, ќе биде затворена за сите посетители четири месеци почнувајќи од јуни оваа година, за да се оправат коралните гребени и морскиот живот.

Одлуката за затворањето на плажата ја донесоа Тајландските национални паркови и Сетор за природа.

Голем број на тајлански национални паркови се затворени од средината на мај до средината на октомври, но поради барањата на туристите Маја беј била отворена во текот на целата година, наведува американската новинска агенција Асошиејтед прес.

извор:скопје24

Loading...

Related posts