vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

„Туркиш ерлајнс” го собори рекордот на дневно опслужени патници

ECA

„Вчера го соборивме историскиот рекорд. Летавме со 253.000 патници на 1.547 летови кон нивните сакани и остваривме процент од околу 75 отсто полетувања навреме“, наведе директорот на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екси.

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс” (Turkish Airlines) со опслужувањето на 253.000 патници на 1.547 летови, во саботата го собори дневниот рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екси, на Твитер сподели информации за бројот на патници за првиот од деветте дена, колку што Курбан Бајрам се одбележува во Турција.

„Вчера го соборивме историскиот рекорд. Летавме со 253.000 патници на 1.547 летови кон нивните сакани и остваривме процент од околу 75 отсто полетувања навреме“, рече Екси, и додаде дека настојуваат во време на сезоната да пружат уште подобри услуги за своите патници. На крајот им се заблагодари за тоа што ги користат услугите на „Туркиш ерлајнс“.

извор:аа

Loading...

Related posts