vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

„Убаво распрашај се кој сум јас“ – Габриел Бајрам за сопственоста на пералницата која должи 16.000 евра на ГТЦ

ECA

Пералницата за возила во подрумот на скопски ГТЦ е место што предизвикува многу контроверзии. Бизнисот со миење автомобили, во времето кога државниот трговски центар беше под контрола на партијата на Амди Бајрам, во два наврата го добиле фирми коишто истражувањето на БИРН ги поврза со неговиот син, Габриел.

Притоа, фирмата којашто до лани ја водела пералницата сѐ уште му должи на ГТЦ околу 16.000 евра за кирија.

Но, тоа не е сѐ.

Во истата пералница пред три години полицијата нашла украдени камера и два лаптопа и за овој случај Габриел Бајрам бил осуден на парична казна од околу 1.200 евра. Иако полицијата се сомневала дека помладиот Бајрам, меѓу другото, ја поттикнал и кражбата, сепак, на крајот е осуден само за прикривање на украдените предмети во пералницата.

„Убаво распрашај се кој сум јас“, револтирано ни порача синот на Амди Бајрам, Габриел, се закани со тужба и дрско го заврши телефонскиот разговор, само затоа што го прашавме за неговата врска со пералницата.

„Кој си ти, па пред тебе да одговарам?“, неколку пати повтори тој во текот на разговорот.

Пред три години ГТЦ за прв пат доби своја автопералница.

Тогашниот директор на трговскиот, Аго Абазовски од партијата на Амди Бајрам, склучил договор со фирмата „Автоперална ГТЦ“ и на неопределено време ѝ отстапил 152 квадрата од гаражата.

Увидот во документите покажува дека „Автоперална ГТЦ “ е формирана само 15 дена пред да се потпише договорот со трговскиот центар. За свое седиште фирмата, уште пред да го склучи договорот, ја навела адресата во ГТЦ, за која допрва требалo да конкурира. Основач е 29-годишно момче од Шуто Оризари, но во документите од Централниот регистар како контакт е оставен бројот на мобилниот телефон на Габриел Бајрам.

„Не знам зошто мојот телефон е таму, секој може да го стави. На пример, твојот телефон може да го ставам кај некоја фирма што дава секс-масажи, па сите да ти се јавуваат“, беше неговиот коментар.

… повеќе тука

Loading...

Related posts