vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Убиени десетици китови на Фарските Острови поради традиција (ВИДЕО)

ECA

Повеќе десетици китови биле убиени во еден залив на Фарските Острови, а фотографии и видеа од масакрот од крв ја вознемирија светската јавност. Традиционалниот китолов, кој локалното население го нарекува „гриндрадап“, се одржува секоја година од јуни до ноември. Големите морски цицачи се наведуваат до заливот или фјордот каде што се убиваат со долги ножеви.

Во традиционалниот лов на китови секоја година страдаат стотици животни. Вчерашниот масакр на китовите го снимил студент на Универзитетот Кембриџ, 22-годишниот Алистер Вард, пренесува Би-би-си.

Фарските Острови се автономна данска територија со околу 50.000 жители во северниот Атлантик.

Loading...

Related posts