БАЛКАН

Убиство утрово на Косовска Митровица: Ликвидиран лидерот на српската партија, блокиран северниот дел на Косово

ECA

Лидерот на партијата „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, е убиен утрово на Косовска Митровица, потврдиле извори на Радио-телевизија Србија (РСТ).

Ивановиќ бил застрелан со три куршуми и им подлегнал на повредите. Тој без знаци на живот бил пренесен во Клиничкиот центар.

– Колку што ни е познато, се здобил со пет прострелни рани. Веднаш е пренесен во болница, но немало спас, изјавил адвокатот Небојша Вилиќ.

Според непотврдени информации, врз Ивановиќ било пукано додека влегувал во просториите на неговата партија. Полицијата пред партиското седиште пронашла три чаури. Неофицијално кон Ивановиќ пукал непознат маж од пиштол.

Loading...

Related posts