ЖИВОТ

Утрински секс – вреди како два обични

ECA

Досега го избегнувавте утринскиот секс? Време е да ги послушате мажите и да започнете да им верувате дека има нешто навистина привлечно во водењето љубов веднаш по отворањето на очите.За целосно релаксирано да уживате во утринскиот секс и комплетно да го елиминирате чувството на непријатност, нема да биде лошо да внесете одредена доза на планирање. Можеби на тој начин ќе ја „убиете” магијата на спонтаноста, но барем вие ќе се чувствувате максимално опуштени.Во продолжение ќе најдете неколку совети кои ќе ви помогнат да го претворите утринскиот секс во пријатно задоволство кое ќе ви го разубави денот:

Наместете си аларм

Сигурно не би сакале да доцните на работа само заради тоа што сте го ставиле задоволството на прво место. Поставете како аларм нежна и романтична музика која ќе ви ја зголеми желбата за секс и ќе ја подготви атмосферата.

Истуширајте се пред да си легнете

Вечерните подготовки за секс ќе ја уништат спонтаноста, но тие навистина се пожелни. Добра идеја за утринско будење е и секс под тушот.

 

Гуми за џвакање за маскирање на утринскиот здив

Оној кој го „измислил” утринскиот секс заборавил да го спомене лошиот здив. За да не се чувствувате непријатно наутро поради лошата миризба во устата, чувајте на дофат гуми за џвакање или бонбони. Ако сте заборавиле да си купите, лошата вест е што мора да станете од креветот за да ја освежите вашата уста, или пак, да го поминете сексот без бакнежи.

Чувајте кондоми на дофат на рака

Ако не сте дел од оние парови кои планираат бременост, не заборавајте ги кондомите. Не е пожелно да го прекинувате утринското задоволство трчајќи низ домот во потрага по кондоми. Никогаш не можете да предвидите каде ќе ве однесе утринското гушкање, па секогаш бидете подготвени.

Легнете си со минимална облека или без облека

Кога наутро ќе ги отворите очите и ќе почувствувате дека помеѓу вашите тела нема никаква преграда во форма на облека, уште повеќе ќе се разгорат вашите фантазии. И кај двајцата тоа ќе предизвика поголема возбуда. Вреди да се проба!

Изберете поза „лажица”

Наутро сите сме гроги и не сме подготвени веднаш да се активираме физички, па најдобро е да изберете „попасивна” поза која нема да бара вложување на преголем напор ни од ваша, ни од страната на вашиот сакан. Одлична поза е таканаречената „лажица”, кога двајцата лежите настрана, а партнерот е зад вас и ве прегрнува. Ако позата која сте ја избрале ја исцрпи целата ваша енергија, голема е веројатноста повторно да потонете во длабок сон.

извор:вечер.мк

Loading...

Related posts