vesti24.mk
СВЕТ

Вашингтон: Руси, пратете 60 нови дипломати, а ние ќе ви пратиме наши!

ECA

Русија може да прати замена за 60-те дипломати кои во знак на солидарност на Вашингтон со Лондон биле протерани од САД, изјавила претставничка на Стејт департментот за “CNN”.

Како што било објаснето, Вашингтон се надева дека Москва ќе ги прифати и новите американски дипломати кои ќе ги заменат протераните Американци.

Стејт Департментот нагласил дека тоа е вообичаена пракса во случаите со депортација на лицата кои се прогласуваат за “персона нон грата”.

“Како и во случаите со слични инциденти во минатото, руската влада има право да побара акредитација за пополнување на слободните работни места во дипломатската мисија. Секое од тие барања ќе се разгледуваат на индивидуална основа”, рекла портпаролката на Стејт департментот.

Како што додала, Москва уште не го известила Вашингтон за намалување на вкупниот број на персоналот во дипломатската мисија.

“Поради тоа САД очекуваат дека и Русија ќе биде подготвена да прими нови американски дипломати во замена за протераните”, додала таа.

Loading...

Related posts