ЗДРАВЈЕ

Вежба за нозе: Послаби бутови за само една седмица!

ECA

Доколку се уште се мачите да ги облечете своите омилени фармерки или пак се подготвувате за долго очекуваниот летен одмор кога ќе треба да ги покажете вашите нозе под топлите сончеви зраци, овие неколку вежби ќе ви помогнат за само една недела да постигнете послаб изглед на вашите долни екстремитети.

Вистина е дека голем дел од вежбите не вклучуваат движења кои што се неопходни за формирањето на одредени делови од телото каде што сосема лесно се задржуваат масните наслаги.

Токму затоа, за само седум дена и одвоени 20 минути од вашето време, овој кардио програм е специјално осмислен за намалување на обемот на бутовите, нешто со кое што се мачат голем број од оние кои што напорно вежбаат за постигнување на совршениот изглед.

1. Возење велосипед во воздух

Легнете на подот, кренете ги нозете и започнете со “возењето велосипед” во воздухот. Станува збор за вежба одлична за мускулите на бутовите и задникот, а истата можете да ја изведувате додека ја гледате омилената ваша серија на телевизија и резултатите ќе ги забележите за навистина краток период.

2. Никако, ама никако не заборавајте на клекнувањата!

Свиткајте ги колената во полуклекната положба, а рацете поставете ги на колковите или на половината и бавно спуштајте се кон подот, се додека не почувствувавте затегнување и болка во мускулите на бутовите.

Исправете се и потоа повторете ја вежбата најмалку осум пати. Откако ќе стекнете кондиција, ќе можете оваа вежба да ја изведувате и во подолги серии.

3. Најпознатата вежба за намалување на обемот на бутовите

Легнете на грб, свиткајте ги нозете во колената, а рацете исправете ги покрај телото и гледајте директно во плафонот. Поставете свиткан пешкир помеѓу колената, се со цел да овозможите внатрешните страни од вашите бутови активно да учествуваат во вежбата и започнете со поткревањето на нозете.

Повторете ја оваа вежба повеќе од 15 пати во една серија и не заборавајте на правилното дишење!

Loading...

Related posts