ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Јакимовски пред влез во судот: „Ма идете во пи**у матер“

ECA

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, донесен на распит во суд во придружба на финансиската полиција ги опцу новинарите.

„Ма идете во пи*ку матер“, рече Јакимовски, прашан за коментар.

Претходно, финансиската полиција на распит ги донесе и службениците кои заедно со Јакимовски се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Јакимовски ноќта ја помина во полициска станица. Вчера даде изјава за новинарите пред неговата куќа, каде што негираше вина.

Финансиска тврди дека Јакимовски и уште четворица службеници го оштетиле буџетот за речиси 600 илјади евра

Петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари е оштетен буџетот од страна на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и уште четири лица, соопшти финансиската полиција која ги гони за три јавни набавки.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за раководителот на секторот за Јавни набавки (М.Д.), помошник-раководителот на секторот за финансиски прашања (Н.Н), раководителот на одделението за норматива во правниот сектор (С.М.) и раководителот на одделението за сметководство (А.С.), кои се гонат за злоупотреба на службената положба.

Од финансиската полиција велат дека Јакимовски во својство на градоначалник во 2012 и 2013 година во име и за сметка на Карпош спровел две постапки за јавни набавки, иако знаел дека правното лице „Алконпроект“ ДООЛ Тетово не доставило банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

– Наместо да го раскине договор и да ја активира и наплати банкарската гаранција на понуда согласно со Законот за јавни набавки, С.Ј. му дозволил на изведувачот да почне со вршење на активностите согласно со договорите, и потоа поради неквалитетно и ненавремено извршување на работите ги раскинал договорите со изведувачот, со што му овозможил да стекне противправна имотна корист на име на необезбедени и неплатени банкарски гаранции за квалитетно извршување на договорот, во износ од 911.166 денари, а на штета на буџетот на општина Карпош.

Јакимовски, како што тврди финансиската полиција, му дозволил на изведувачот да почне со градежните активности, без одобрение за градење, без решение за локациски услови или идеен проект и без обновен изведбен проект, а му давал и усни инструкции на изведувачот за реализација на поголеми количини од предвидените во техничката спецификација, како и позиции што не биле предвидени, со што му овоможил да се стекне со имотна корист во висина од 32, 878,275 денари на штета на буџетот.

Јакимовски се гони и за постапка за партерно уредување на сквер во Жданец во 2016 година. Од финансиската полиција велат дека правното лице ДГПТУ „СМ компани“ ДОО Св. Николе не доставило банкарска гаранција, иако било предвидено согласно со тендерската документација, а Јакимовски го потпишал договорот.

Loading...

Related posts