МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Блокиран центарот на Скопје, гори зградата на Министерството за правда

ECA

Попладнево избувна пожар во центарот на Скопје, точно во зградата каде што е сместено Министерството за правда.

Шест противпожарни возила се на лице место каде што се интервенира пожарот да не се прошири на соседните објекти кои се прилепени на зградата која гори.

Досега од противпожарната служба нема информации за причината за пожарот кој ги зафати високите катови. Се забележеува дека густиот чад излегува од четвртиот кат.

Во моментов додека интервенира противпожарната служба, потешкотија има и во сообраќајот на главната улица која води до најфреквентната автобуска постојка во градот, Рекорд.

Нема информации за евентуални повредени лица, ниту колкава материјална штета е причинета.

Loading...

Related posts