АВТОМОБИЛИ

(ВИДЕО) Британец уапсен откако ја пушти својата „Tesla Model S“ на автопилот

ECA

Британецот Бавеш Пател беше снимен во својата „Tesla Model S“ пуштена на автопилот, а тој седнат на совозачкото седиште.

Властите го обвинија Пател за опасен по безбедноста за ебе и з аостанатите учесници во сообраќајот.

Судот во Сент Албанс го лишеше Пател од возачката дозвола за период од 18 месеци.

Освен тоа, тој е казнет и со 100 часа општествено корисна работа, како и со парична казна од 1 800 фунти, со која ќе бидат опфатени трошоците за случајот.

Според судот, Пател го довел под закана сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Пател се изјасни за виновен и рече дека постапката му била глупава, но истакна дека возилото не може да прави ништо посебно во автопилотен режим.

„Tesla“ го нуди својот автопилот како помошен систем и со изрична услов возачот да не го испушта воланот.

Loading...

Related posts