ЗАБАВА

ВИДЕО: Македонскиот пејач ја отпеа „Жена како ти“ од Лозано на сред Тасос во Грција!

ECA

Македонскиот пејач Зоран Илиев деновиве престојува на Тасос во Грција каде ги полни батериите пред напорната музичка агенда која го очекува на почетокот од месец август.

Илиев својот мир го побара кај нашиот јужен сосед, но не можеше да издржи, а да не отпее некоја песна. Во една прилика тој го пее полуларниот хит „Жена како ти“ на нашиот Влатко Лозаноски – Лозано како утринско распевање.

https://youtu.be/ACgrTXMvj2U

Зоран Илиев важи за еден од македонските артисти кои не издаваат премногу често нови музички производи. Тој тоа го прави еднаш годишно, но комплетно се посветува на материјалот со цел да го доведе до совршенство, токму поради тоа сите досегашни негови песни високо котираат на топ листите во земјава. Неговите почетоци се во музичката потрага по нови ѕвезди на некогашната продукција „М2“, а од тогаш до сега редовно има свирки од среда до недела.

извор:репортер

Loading...

Related posts