vesti24.mk
СВЕТ

ВИДЕО: Полицијата со солзавец спречила тепачка на Грци со Македонци на протест во Мелбурн

ECA

Почнало со вербална пресметка на демонстрантите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе.

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“.

На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат.

Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец.

Loading...

Related posts