vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Видео: Таа ќе биде противничка на Путин на претседателските избори

ECA

Руска ТВ ѕвезда ја најави кандидатурата за претседателските избори во Русија.

Мегапопуларната руска телевизиска водителка Ксенија Собчак најави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во Русија.
35- годишната водителка својата кандидатура за изборите во март ја најави преку видео на ЈуТјуб.
Атрактивната Ксенија инаку е ќерка на реформаторскиот градоначалник на Санкт Петербург од раните 1990 години Анатолиј Собчак. Таа во 2011 и 2012 им се придружи на протестите против Кремљ во Москва, но никогаш не го критикувала претседателот Владимир Путин, кој некогаш работел како заменик на нејзиниот татко.

Актуелниот руски претседател Владимир Путин инаку се уште не го потврдил своето учество на изборите, но се очекува дека ќе се кандидира за уште еден мандат.

Лидерот на опозицијата Алексеј Навални уште кога се појавиле шпекулациите за претседателската кандидатура на Ксенија Собчак, предупреди дека тоа би можело да биде добро за официјална Москва , бидејќи нејзиниот влез во претседателската трка би ја поделил опозицијата.

Loading...

Related posts