vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

(ВИДЕО) Тинејџерка стои на раб на мост и се двоуми дали да скокне – во тој момент ѝ приоѓа другарката и ја турка!

ECA

Снимката на која што може да се види како една тинејџерка ја турка својата другарка од мост со експресна брзина се прошири на интернет и ги шокираше корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

На снимката може да се види како девојката стои на работ од мостот и поради големата висина се двоуми дали да скокне во водата. Станува збор за мост над реката Луис во градот Јаколт во американската сојузна држава Вашингтон.

Иако нејзиното друштво ја охрабруваше да скокне, таа очигледно беше исплашена и се двоумеше, се додека наместо нејзе, одлучи нејзината другарка. Таа ја турна од мостот со висина од 18 метри.

Како последица на падот, девојчето заработило неколку скршеници на ребрата и повеќе рани на телото и моментално се наоѓа во болница.

Другарката која што ја турнала набрзо била идентификувана, а засега не е објавено нејзиното име во медиумите. Мајката на несреќната девојка која што беше турната пред болницата, за тамошните медиуми изјавила дека нејзината ќерка долго ќе се опоравува од повредите.

„Мислам дека девојката која што го стори ова треба добро да размисли за последиците кои што можеле да се случат. Ова не е во ред, таа можеше да ја убие мојата ќерка“, изјави мајката на повреденото девојче, пренесуваат американските медиуми.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts