vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Заев најави дека ќе го продаде „мерцедесот“ од 600 илјади евра, а вчера во него се возеше Столтенберг

ECA

„Македонија се менува“, „Нема да ја изневерам вашата доверба“, „Го имате мојот збор“, со овие зборови лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го почна говорот на централниот митинг пред Владата во октомври минатата година.

Заев изјави дека ќе го вратат „мерцедесот“ на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.

„На 15 октомври да ги заокружиме промените во Македонија“, рече Заев.

„Да ја ослободиме Македонија од остатоците на режимот!  Да стигне животот во секој град, село, во секое катче… Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите…“, рече тогаш Заев.

Но, вчера Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна токму со тој фамозен „мерцедес“ од 600 илјади евра, за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Мерцедесот ниту е продаден, ниту е заменет за амбулантни возила или инкубатори за бебиња. Зошто мерцедесот сеуште не е продаден, никој не знае, ниту пак дава одговори. Зошто е така? Можеби затоа што јавноста и медиумите повеќе не се заинтересирани и не прашуваат што се случи со приказната за “мачките и мерцедесот”.

Инаку, Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на нивните посети на Скопје се возеа во владиниот „мерцедес“ со регистарски таблички СК 2936 АЦ (SK 2936 AC).

Од високите гости од странство, прв во „мерцедесот“ седна поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, за време на неговата посета во јули 2012 година, а во „она на М“ како што го нарекуваше Груевски во „31.бомба“ што СДСМ ја објави во 2015 година, се возеше и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за време на неговата посета на 1 август, минатата година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера во Владата се ракуваше со премиерот Зоран Заев, и потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев – „мој херој“.

Ова е на самиот крај од видеото.

Заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на НАТО

Заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на НАТО, Jens Stoltenberg.Сооштение: http://vlada.mk/node/13971Галерија: https://flic.kr/s/aHskuLAMfLИнсерти од посетата: https://youtu.be/jtXihgKpHgIПрес-конференција: https://youtu.be/iWrwbl_6-Cs

Posted by Zoran Zaev on Thursday, 18 January 2018

Loading...

Related posts