ЖИВОТ

(ВИДЕО) Застрашувачкото видео кое секој родител треба да го види

ECA

Шокантно видео кое за кратко време достигна голема гледаност покажува колку брзо едно парче необезбеден мебел може да падне врз дете и да го повреди – и тоа доаѓа како навремено предупредување до сите родители.

Видеото го покажува застрашувачкиот момент кога голема комода со фиоки станува нестабилна и за малку не го повредува детето.

Само неколку секунди порано, може да се види детето како си игра со фиоките во соба, отворајќи ги сите една по една. Детето, заедно со брат му, се чини дека игра без надзор. Кога комодата паѓа, детето за малку го избегнува она што можеше да биде многу сериозна несреќа. После секунди од овој настан, се симнува некоја жена и го проверува детето. За среќа тоа нема никакви повреди, само нормално било уплашено.

Видеото покажува колку лесно мебелот што не е правилно обезбеден може да стане потенцијален ризик за мали деца. Во САД, на секои 30 минути некое дете е повредено, често сериозно, откако телевизор или парче мебел паднале врз нив.

https://youtu.be/DNQWwX2r4Bw

Loading...

Related posts