vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

(ВИДЕО) Жириновски: Војна е неизбежна! Украина го активирала пеколниот план Барбоса 2 – напад на Русија!

ECA

“Планот “Барбоса 2 – Напад на Русија” е веќе потпишан и украинската армија се подготвува за тоа”, изјавил лидерот на Либерално-демокартската партија на Русија и пратеник во Државната дума, Владимир Жириновски, додавајќи дека Украина нема да застане на провокацијата во Керчкиот мореуз и дека целата воено-политичка сценографија е иста како онаа при бомбардирањето на Србија.

“Почетокот на војната се планирал за 2016-та и 2017-та. Дојде 2018-та година. Почна. Воведена е воена состојба – се по налог на англосаксонците. Се повторуваат сценаријата да се предизвикуваат провокации пред војна. Босна и Херцеговина во 1992-ра година, Србија во 1999-та година, Ирак…Не знаеја од каде да започнат. Во Сирија ние воведовме ред. Затоа главниот удар ќе биде на територија на Украина. Нема таму да војуваат Американци и Англичани”, рекол Жириновски во емисијата во живо “Вечер со Владимир Соловјевим” на првиот канал на државната телевизија “Россия 1”.

Жириновски вели дека под плаштот на воената состојба, претседателот на Украина, Петро Порошенко работи што сака: забранува политички партии и митинзи, конфискува имоти на граѓани – фактички започнал внатрешна мобилизација. Следно Киев ќе ги затвори границите и ќе им забрани на своите граѓани да одат да работат во Русија.

Жириновски: Јулија Тимошенко на избори би го срушила Порошенко

“Воената состојба дозволува прогон на политички противници, затворање на непослушни медиуми. На киевскиот режим, а ни на западните господари, не им се потребни извори”, објаснува тој додавајќи дека Јулија Тимошенко, лидерка на партијата “Batovščina”, има големи шанси на изборите да го урне Порошенко.

Коментирајќи ја изјавата на украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, дека украинско-руска војна би била готова за три дена, Жириновски вели дека руската армија би ја разбила украинската во рок од 27 минути, колку што на некогашната Црвена армија и биле потребни да ја разбие Хитлеровата дивизија “Галичина”, која нацистите ја пратиле да ја “ослободи” Украина.

Владимир Жириновски

“Какви три дена? Дваесет и седум минути – и ништо нема да остане од украинската армија”, вели тој. Лидерот на Либералите изнел и застрашувачки прогнози.

“Двата месеци воена состојба, кои сега ги вовеле украинските власти, ќе прераснат во вистинска војна. Тие не сакаат никакви избори, тие сакаат по секоја цена да ја исчистат Украина и да предизвикаат војна…Украинската армија за тоа се подготвувала. Таа набрзо ќе ги мине нашите граници, а ние ќе одговориме. А тоа е токму тоа што тие го сакаат. После тоа, ќе ни бидат наметнати најстрашни санкции, а ни се заканува и нуклеарен судир. Најлошо ќе биде во 2019-та. Затоа, знајте дека ова е последна мирна новогодишна прослава. Ви ја честитам.”, рекол Жириновски.

Loading...

Related posts