vesti24.mk
ЗАБАВА

“Виетнамската Лејди Гага” уапсена поради критикување на владата на Виетнам

ECA

Виетнамската пејачка и активистка , која се истакнала со својата борба за слобода на говорот, била притворена во Ханој откако допатувала од Европа, открил нејзиниот сопруг за “Reuters”.

Пејачката поради нејзиниот активизам и провокативен стил често ја нарекуваат виетнамска верзија на руската група “Pussy Riot” или Лејди Гага. Една е од десетината дисиденти кои се ставени на листа за набљудување од виетнамската комунистичка влада, поради своите текстови против составот.

“Кога Маи Кои слета утрово во 9:15 часот на аеродромот Нои Баи, ми пиша, “љубов моја, само што слетав””, објавил нејзиниот сопруг од Австралија, Бенџамин Свантон на Фејсбук страна на пејачката, која ја следат околу 46.000 луѓе.

“Во 9:39 ми прати: “Притворена сум””, напишал Свантон.

За “Reuters” открил дека од тогаш не стапил во контакт со неа. Повиците до аеродромот или на нејзиниот мобилен телефон останале без одговор.

“Досега три пати сме исфрлени од нашите домови”, открил сопругот.

Во Виетнам во притвор поради критикување или демонстрации против владата моментално се наоѓаат најмалку 129 луѓе, покажува извештајот на “Human Rights Watch”.

Минатогодишната кампања против дисидентите резултирала со десетици бегства од државата, објавил “Amnesty International”.

Виетнамските власти уште не и забраниле да патува на Маи Кои, која минатата година протестирала пред конвојот на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на неговата посета на Виетнам, држејќи постар “Уринирам на тебе Трамп”.

Оваа 34-годишна пејачка предизвикува контроверзии за владата која не толерира критики, иако ја реформира економијата и е отворена кон социјалните промени.

Пред две години била една од неколкуте активисти кои се обиделе и не успеале да освојат пратеничко место во комунистичкиот парламент, а една година пред тоа се сретнала со поранешниот американски претседател Барак Обама.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts