vesti24.mk
КУЈНА

Вкусна чорба со павлака и фета-сирење

ECA
  • Состојки:
  • 3 лажици кајмак
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 помал корен целер
  • 2 зелени пиперки
  • 6 дл вода
  • 6 дл млеко
  • 1 дл павлака
  • 150 гр фета-сирење
  • босилек
  • мешавина од зачини, црн пипер

Приготвување:

1. Кромидот, целерот и пиперките ситно се сечкаат.
2. Во подлабок сад се топи кајмакот, се додава кромидот и кратко се пропржува, а потоа се додава целерот и тој се пржи 2 минути.
3. Потоа се додаваат пиперката и босилекот, се става мешавина од вода и млеко, се зачинува по вкус, се подлопува и се вари на умерена температура 30 минути додека зеленчукот не омекне.
4. Готовата чорба се трга од ринглата, се додаваат мешавина од павлака и фета-сирење и добро се меша.

извор: убавинаиздравје

Loading...

Related posts