МАКЕДОНИЈА

ВЛАДАТА ГО РАСТУРИЛА ОД ВОЗЕЊЕ „МЕРЦЕДЕСОТ“: За две години СДС поминале повеќе од 80.000 километри и драстично ја намалиле вредноста на блиндираниот „Мерцедес“

ECA

Луксузниот „мерцедес“ кој го набави претходната влада за потребите на државата, официјално сега вреди 234.000 евра, објави ексклузивно ТВ 24 Вести, додавајќи дека вештачењето е завршено.

Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012, кога бил купен. Со возилот досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, а еден пар чини 20.000 евра.

Сепак останува непознато во кој период е направена најголемата амортизација на возилото, ако се има во предвид дека истото на големо беше користено за време на изборните кампањи од страна на Зоран Заев, Шеќеринска и Оливер Спасовски.

Од 80.500 километри, експертите се согласни дека најголемиот дел се направени во последните две години, што е сериозна километража за возило кое се движи во Македонија каде двете најоддалечени точки се околу 200 километри.

Loading...

Related posts