vesti24.mk
Uncategorized

ВЛАДАТА НА СЛОВЕНИЈА ЈА ЗАМРЗНА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА НЛБ

ECA

Владата на Словенија реши да ја замрзне постапката за продажба на државната „Нова Љубљанска Банка“ (НЛБ), оценувајќи дека во овој момент цената што би можела да ја добие од потенцијаните инвеститори не е задоволувачка.

Со ваквата одлука, се одлага спроведувањето на планот што го договoрија Словенија и Европската комисија, за продажба на НЛБ.

Владата заклучи дека не може да се согласи на продажба на акциите НЛБ по минимална цена од 55 евра за акција, се наведува во соопштението.

По ваквата одлука, словенечката Влада сега најверојатно ќе се обиде преку нови преговори со Еврокомисијата да издејствува пролонгирање на крајниот рок за продажба на НЛБ.

Согласно договорот меѓу Еврокомисијата и словенечката Влада, приватизацијата на НЛБ треба да се одвива во две фази. Во првата фаза, во текот на оваа година треба бидат продадени 50% од акциите на банката, а до крајот на 2018 година уште 25%.

Со планот за приватизација на банката, предвидено е словенечката држава да задржи 25% од акциите на НЛБ, која сега е целосно во државна сопственост.

извор:банкарство.мк

Loading...