vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ апелира судот да не подлегнува на притисоци и закани

ECA

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска упати апел до судот да не подлегнува, како што стои, на притисоците и заканите кои се вршат, а во врска со обвиненијата што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против високи функционери на партијата и поранешни министри, помеѓу кои е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Од партијата повторно нагласуваат дека со работата на СЈО се прави „единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија и исполнување на плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио“.

„Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кои се води политички процес чија крајна цел е политичка, а никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзано со политичките интереси на одредени структури. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда, и таа ќе дојде брзо“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, како што најавија од Кривичниот суд, денеска треба да бидат соопштени одлуките на кривичните совети во врска со барањата на СЈО за одредување притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои и за лидерот на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски.

извор:мета

Loading...

Related posts