БАЛКАН

Во Белград уапсени државјани на Австралија за шверц на 1.280 килограми кокаин (ВИДЕО)

ECA

Тројцата припадници на организираната криминална група од Австралија уапсени се за време на примопредавањето на голема количина пари во еден белградски хотел

Припадниците на српската полиција, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, уапсија во Белград тројца австралиски државјани кои се дел од организирана криминална група која се сомничи за криумчарење на кокаин, како и еден државјанин на Либан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска е потврдено дека по деветмесечна истрага, која е спроведена заедно со австралиските надлежни органи, во еден белградски хотел уапсени се тројца државјани на Австралија, кои се доведуваат во врска со заплената на еден тон и 280 килограми кокаин во Сиднеј.

Поради сомнеж дека извршил кривично дело фалсификување на исправа, полицијата уапси и еден државјанин на Либан.

Оваа истрага започна во април минатата година, кога во пристаништето Сиднеј од Народна Република Кина стигнал контејнер со челични цевки во кои се пронајдени 1 280 килограми кокаин, кој бил спакуван во 2 576 пакети. Пазарната вредност на запленетите наркотици е проценета на 500 милиони австралиски долари.

Тројцата припадници на организираната криминална група од Австралија уапсени се при примопредавањето на парите во Белград. Кај нив се пронајдени 638 020 евра, 11 350 австралиски долари, 4 000 американски долари, 18 300 чешки круни, 528 000 виетнамски донги, 9 000 јапонски јени, 2 940 кинески јуани, 2 500 тајландски бахти, 863 сингапурски долари, 112 000 динари, како и пиштол.

На осомничените австралиски државјани им е одреден притвор, а Министерството за правда на Република Србија ќе продолжи да соработува со надлежните органи на Австралија за да се имплементира понатамошната акција во врска со оваа меѓународна истрага.

На либанскиот државјанин, кој е уапсен во текот на акцијата, одреден му е притвор од 48 часа и тој ќе биде приведен во надлежното обвинителство во Белград.

Во Белград уапсени државјани на Австралија за шверц на 1.280 килограми кокаин во Сиднеј

[ВИДЕО] Во #Белград уапсени државјани на Австралија за шверц на 1.280 килограми #кокаин во Сиднеј http://v.aa.com.tr/1033757

Posted by Anadolu Agency Macedonian on Wednesday, 17 January 2018

Loading...

Related posts