vesti24.mk
ЖИВОТ

Во филмска акција разоткриен ланец на елитна проституција: Во стан уапсени 3 макроа и 7 жени!

ECA

Елитни проститутки, седум, уапсени се неодамна во стан на Нов Белград каде на клиентите им пружале сексуални услуги за пари.

Протитутките се уапсени додека кај нив бил клиент, а освен нив, полицијата привела и три макроа.

Уапсените проститутки работеле во две смени.

-Првата смена траела од 13 до 20 часот, а втората од 20 до 1 или 2 изутрина. Се менувале во групи. Во станот покрај девојките затекнати се и три мажи, макроа, кои на жените им служеле како обезбедување, но и како возачи – објаснува Бојана Секулиќ Станковиќ, оперативец во Одделението за јавен ред и мир во МУП на Србија.

Таа вели дека девојките пружале услуги и надвор од станот, а во тој случај имале превоз до таму и назад.

-Макроата ги возеле и им пружале некаков вид на сигурност, бидејќи девојките не знаат што да очекуваат и дали ќе им се случи нешто, ако не идат кај постојан клиент – вели таа.

Уште додала дека меѓу елитните проститутки се наоѓаат студентки, домаќинки, вработени, невработени.

-Луѓето прво помислуваат на некоја млада, средена, ботоксирана жена, но такви всушност има малку- додала таа.

Loading...

Related posts