vesti24.mk
ВЕСТИ КУЛТУРА

ВО ГРАДСКИОТ ПАРК : Скопјани уживаа во хитовите на една од највлијателните музички групи „Пинк Флојд“ (ГАЛЕРИЈА)

ECA

Вчеравечер во Градскиот парк се одржа традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, ни ги донесе вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар, односно Македонска филхармонија пред многубројната публика изведе дел од хитовите на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“.

Македонската филхармонија и годинава музицираше под диригентство на маестро Емин Џијан, како солист (вокал и гитара) настапи Ади Имери, а бендот беше составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, беа придружни вокали.

Публиката додека траеше концертот уживаше во творењето на огромните платна, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

Loading...

Related posts