vesti24.mk
Uncategorized

Во Кина во подем се тајни секс клубови во кои постојат само три правила

ECA

Девојка со потекло од Хонгконг основала ланец од тајни клубови за жени, кои денес работат во голем број на американски и европски градови. Меѓутоа, вистинската сексуална револуција ја дочекала токму во Азија.

Хонгконг можеби себеси се смета за поотворен од остатокот на Кина, но кога станува збор за теми поврзани со секс, Шангај е тука далеку пред сите, вели основачот на клубот во кој пристап им е дозволен само на жени.

За да го одбележи меѓународниот ден на жената, 8. март, клубот “Скрит” одржал инаугурациски настан во најголемиот кинески град.

“Хонгконг се обидува да биде што побезбеден. Не верувам дека тоа е место каде сексот е на дневен ред, додека Шангај ја има таа честичка, има стомак за тоа”, рекла сопственичката на локалот, 36-годишната Женевив ЛеЖеун.

Од основањето во Лондон во 2014. година, девојката родена во Хонгконг го проширила својот клуб во градови како Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами, Берлин, Виена и Сиднеј, а сега прв пат се обидела да влезе на азискиот пазар, каде забележала се поголема отвореност кон сексот во Кина. Посебно во Шангај.

“Никогаш не очекував дека ќе успеам тука, бев сосема изненадена. Жените отворено разговараат за својот сексуален живот со мене. Само сакаат да разговараат со некој и да сфатат дека тоа што го чувствуваат е нормално”, рекла сопственичката на елитниот клуб.

До денес, ЛеЖуен има 10.000 членови во своите тефтери. Типична клиентка на “Скрит” клубот обично има партнер и добра кариера, а како што рекла сопственичката, обично тоа се правнички, медицински сестри, актерки или наставнички.

“Доаѓањето во клубот не мора да има врска со секс. Жените зборуваат за своето прибежиште, каде можат да донесат одлуки без притисок. Тоа за што размислуваат е место без мажи, бидејќи тие им вршат притисок на жените, без разлика дали сфаќаат или не”, вели сексуалната претприемничка.

ЛеЖуен, која живее во Мајами, но Хонгконг го смета за свој втор дом, го основала клубот во 2014. година за своите пријателки, за да експериментираат со својата сексуалност и да зборуваат за секс без страв дека некој ќе ги осудува.

“Тогаш немаше ниедно место каде жените слободно можат да ја истражуваат својата сексуалност и да почувствуваат како е да се биде со жена, без желба или потреба да ги задоволат своите машки партнери”, рекла таа.

Засега нема планови да отвори свој клуб и во Хонгконг, бидејќи, како што вели, е премногу мал, па би можело да дојде до чудни средби.

“Моето мото е “самодоверба во креветот, самодоверба во канцеларијата” бидејќи тоа е поврзано. Жената со самодоверба секогаш ќе тежнее кон повисоки функции во компанијата и ќе бара иста плата и како мажите”, вели ЛеЖуен.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts