ЉУБОВ И СЕКС

“Во природата има премногу пениси. Ние сме екосексуалци и имаме секс со растенија”(18+)

ECA

Постојат луѓе на кои фетиш им е мајка природа, а се нарекуваат екосексуалци и нивниот број расте секој ден. Луѓето кои припаѓаат во таа група имаат различни преференции од оние кои употребуваат еколошки секс играчки и производи, сакаат голи да пливаат или планинарат, а многумина сакаат да имаат и сексуален однос со дрво или да мастурбираат под водопад, вели Аманда Морган од УНЛВ Училиштето за здравствени науки во Невада.

Авторката на документарната серија “Slutever”, Карли Шортино поминала одредено време со група екосексуалци за да ги истражува нивните навики и преференции.

“Во природата има многу пениси”, истакнува една девојка. “Замислете сценарио во кое Вашата вагина е навистина магична”.

“Целта на екосексуализмот е поврзаноста со природата, Земјата и нејзината еротика. Мене посебно ме возбудуваат дрвјата”, вели друга девојка во видеото кое прикажува голи луѓе како со необично друштво се тркалаат низ калта.

Претставниците на екосексуалците, Ени Спринкл и Елизабет Стивенс велат дека се работи за нов вид на сексуален идентитет. На минатогодишната Геј Парада во Сан Франциско ја предводеле групата од стотина екосексуалци кои сакале да бидат признаени од ЛГБТ заедницата. Тврдат дека ширум светот постојат околу 100.000 луѓе кои се идентификуваат како екосексуалци, пренесува Vice.
Екосексуалците не сакаат да ги загадуваат своите тела и природа употребувајќи кондоми од вештачки материјали, а некои веруваат дека ќе ја спасат Земјата ако имаат секс со растенија.
Loading...

Related posts